„Вашингтон пост“: Трамп му предложил на Ердоган договор вреден 100 милијарди долари и решавање на санкциите за купените „С-400“
Американскиот претседател Доналд Трамп му предложил на својот турски колега Реџеп Тајип Ердоган договор вреден 100 милијарди долари со поволни услови за неговата земја, како и помош при решавање на прашањето за санкциите што Вашингтон планира да и ги наметне на Анкара во врска со испораките на руските ракетни системи „С-400“, соопшти американскиот весник „Вашингтон пост“.
Според извори од администрацијата во Вашингтон, Трамп уште минатата недела му испратил писмо на Ердоган во кое му го кажал предлогот. Цел на иницијативата била подобрување на билатералните односи меѓу САД и Турција.
Според неименуваниот извор на весникот, администрацијата во Вашингтон смета дека системите „С-400“ се уште не се „пуштени во употреба” за Турција да не може „да има пристап до средствата за комуникација и одбрана на американскиот авион „Ф-35“. На тој начин Анкара може да се врати на програмата за производство на повеќенаменскиот ловец и да се избегнат ограничувањата.
Американските конгресмени веројатно ќе го критикуваат предлогот на американскиот претседател поради фактот дека многу конгресмени и сенатори го поддржуваат ставот за воведување санкции против Анкара согласно законот „За спротивставување на американските противници преку санкции“.
Според весникот, приближно истите услови Вашингтон веќе и ги предложил на Анкара и во октомври, кога сакал да ја запре нејзината операција во Сирија, но обидот беше неуспешен.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228