Кошарка
5. May 2017 - 10:20

Вашингтон намали на 2:1, втора победа за Голден Стејт

 
 
Екипите на Вашингтон и Голден Стејт остварија победа во натреварите од конференциското полуфинале на НБА плејофот одиграни ноќеска.
 
Кошаркарите на Вашингтон го декласираа Бостон со 116:89 и намалија на 2-1 во меѓусебните дуели со Бостон во полуфиналето на Источната конференција.
 
Џон Вол средбата ја заврши со учинок од 24 поени и 8 асистенции и беше најефикасен кај победничката екипа, за гостинскиот тим Ал Харфорд постигна 16 поени.
 
На Западот, Голден Стејт поведе со 2-0 во победи откако синоќа ја совладаа Јута со 115:104.
 
Кевин Дурент дуелот го заврши со дабл-дабл улинок од 25 поени и 11 скока, а имаше и 7 асистенции за Голден Стејт, за кој Стеф Кари имаше 23 поени и 7 асистенции, додека Грин придодаде 21 поен.
 
Следните два натпревари ќе се играат во Солт Лејк сити.