Ужасна исповед на пациент што се разбудил среде операција на срце: Ги слушнав лекарите како ми го сечат градниот кош

Будењето среде операција не е нов поим, но ова е само една од ужасните приказни на пациентите кои доживеале да бидат апсолутно свесни на операционата маса.
Сидни Л. Вилијамс морал да оди на операција на отворено срце што подразбира сечење на целиот граден кош. Пред операцијата хирургот му рекол дека шансите да преживее или да умре на масата се 50:50. Му дале анестетик, па почувствувал како тоне во сон.

Сепак, се разбудил од звукот на пилата со која е сечен неговиот граден кош. Се обидувал на лекарите да им каже што се случува, но од него не излегувал никако звук, а потоа сакал да им даде знак со телото, но повторно неуспешно.
Не можел дури ни да плаче, зошто анестетикот ја запрел работата на неговите солзни жлезди. Слушнал како лекарите расправаат за состојбата на неговото срце, односно за тоа колку е оштетено.
Секунди подоцна, почувствувал болни бранови како му минуваат низ телото, и шокиран сфатил дека срцето престанало да му чука. Затоа лекарите му давале електрошокови, а болката која ја почувствувал е нешто најлошо што дотогаш искусил.

По будењето, го опишал тој настан како „погреб на жив човек“.
За среќа Вилијамс успеал да преживее, но од последиците не успеал да се ослободи - од тогаш страда од ужасни ноќни кошмари поради кои шкрта со забите додека сонува, а има и постојан страв од смртта и покрај психотерапијата.
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
