Ужас: Свештеник намамил па силувал момче - му се заканил со зборовите: Ова го знаеме само Бог, јас и ти!

Католички свештеник од подрачјето на Славонија и Барања е осуден на година дена затвор, но казната му е заменета со општокорисна работа, и покрај фактот што силувал 15-годишно момче користејќи ја неговата емоционална неразвиеност.
Така свештеникот треба да одработи 730 часа општокорисна работа, стои во неправосилната пресуда на Општинскиот суд во Осијек, јавува Гласот на Славонија. Во пресудата се наведува дека рокот во кој свештеникот ќе ја изврши казната не може да биде пократок од еден месец, но и подолг од 2 години.
Свештеникот со обвинение се товари дека ноќта меѓу 5и 6 јанувари 2002 година во црковните простори во едно место во Славонија силувал дете користејќи ја неговата недоволна емоционална развиеност и претходно создадената духовна и психичка зависност за себе низ духовно советување.
Откако на детето му понудил пиво, за време на пријателското дружење, свештеникот отишол во бањата по 15-годишно момче, му пришол од зад грб и непристојно го допирал, а потоа го однел во соседната соба и го ставил во креветот па легнал на него и без согласност од детето го силувал.
Според пресудата, свештеникот таа вечер го дочекал детето во баде мантил, го понудил со пиво и додека гледале натпревар побарал да го измасира. Потоа го силувал. По ова момчето се обидело да се самоубие. а на истражителите им рекол дека откако свештеникот го силувал, му рекол: „Тоа го знаеме само ти, Бог и јас“.
Бидејќи синот ги раскажал сите детали, мајката на силуваното дете за сето тоа ја известила бискупијата, за што на суд посведочил и високопозиционирал свештеник кој го потврдил доаѓањто на мајката на детето во црковната канцеларија.
Тој на суд им рекол дека мајката на болното момче му рекла дека го смета за непримерно дружењето на меѓу својот син и споменатиот свештеник, но не спомнала никакви сексуални односи. Иако правосилно осудениот свештеник во меѓувреме променил неколку жупи, од бискупијата објаснија дека неговото преместување нема никаква врска со пријавата на мајката на жртвата туку со редовните преместувања на свештеникот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
