Увертира на Фолк фест Валандово од денеска до петок

Наредните три дена на плоштадот во Валандово ќе се одржат три концерти на народна музика како увертира на годинашново издание на најстариот фестивал на новокомпонирана народна музика „Фолк фест Валандово“.
Богатата фестивалска програма започнува вечер со концертот на Ѓоко Јовиќ и групата „Енерџи“. Организаторите за утревечер го најавија концертот на „Астра бенд“, а во среда концерт ќе одржи и Сузана Гавазова.
Двете фестивалски вечери, од кои првата ревијална и втората натпреварувачка, ќе се одржат во четврток и петок на 30 и 31 мај во салата „Јанко Узунов“ во Валандово.
Покрај обезбедените парични награди за победничките песни и нивните интерпретатори, организаторите на фестивалот најавија дека годинава награда за животно дело постхумно ќе му биде доделена на еден од основачите на фестивалот, Леонид Манчев, а по повод 100 години од раѓањето, признание ќе добие бардот на македонската народна музика, Никола Бадев.
Ново на Сител
-

Македонските ракометарки се пласираа на Европско првенство 2026
-

Обид за опожарување на објектот на еврејската заедница во Македонија и синагогата
-

Џон Кери: Нетанјаху предлагал напад врз Иран на претходни американски претседатели, сите одбиле
-

Папата Лав XIV им честиташе Велигден на верниците кои денеска го слават
-

Кремљ одбива да го продолжи велигденското примирје
-

Техеран: Ормуската Теснина е целосно под контрола на Иран
-

Во вторник во Вашингтон почнуваат преговорите меѓу Израел и Либан
-

Од вторник до четврток променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
