Утврдени и други спорни содржини во повлечените учебници

Учебниците по граѓанско образование за осмо одделение и општество за 4 одделение кои се повлечени со решение на министерката за образование и наука не треба да се користат, а Комисијата која работеше на нивно разгледување утврди и други спорни содржини покрај за оние за кои беа поднесени претставки.
Ова го соопшти денеска министерката за образование и наука Рената Тренеска Дескоска на прес-конференција на која имаше отчет за првите 100 дена работа во овој ресор.
Учебниците се повлечени и учениците и наставниците не треба да ги користат во наставата, а Бирото за развој, како што рече министерката, до крајот на неделата треба на својата веб страница да објави прирачник за наставниците по кои тие ќе предаваат по овие два предмета.
- До мене стасаа информации дека биле поделени повлечените учебници и тоа е спротивно на решението што го донесов. Повторно ќе бидат испратени укажувања до сите училишта, но со посебно укажување до оние за кои имаме информации дека биле поделени учебниците, рече Тренеска-Дескоска.
Учебниците беа повлечени поради утврдени дискриминаторски содржини и стереотипи, а по поднесени претставки.
До 15 септември, како што кажа министерката, тече и рокот за пополнување на електронскиот прашалникот кој е доставен до училиштата со цел наставниците да го дадат своето мислење за квалитетот и потребата од промени на учебниците по кои предаваат.
Во однос на учебниците, министерката соопшти дека се разгледува и состојбата со печатењето учебници за потребите на учениците, бидејќи имало ситуации каде училиштатата изразиле потреба на печатење нови учебници поради поголемиот број запишаните ученици.
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
