Албанската царина благодарна на македонските власти за дозволата камионите да минуваат преку Блато

Генералниот директор на Царинската управа на Албанија, Бесмир Беја, информира дека сè додека не се подобри состојбата на патниот правец граничен премин Ќафасан - Елбасан, делница Либражд - Прењас, одлучено е да се користат алтернативни гранични премини.
- Стоката што влегува на албанска од македонска територија или од други земји преку овој премин ќе се обработува преку царинската филијала на граничниот премин Блато кај Дебар. Преземени се сите потребни мерки за задоволување на логистичките потреби и зголемување на царинскиот персонал, со цел справување со зголемениот проток и што побрзо завршување на царинските процедури - рече Беја.
Тој нагласи дека, по контактите со надлежните македонски власти, наишле на целосно разбирање за решавање на ситуацијата.
- Голема благодарност до македонските власти за разбирањето во врска со надминувањето на ситуација. Сакам да напоменам дека македонската страна ќе дозволи премин на натоварени камиони или приколки во контролниот пункт Блато од 12 до 22 часот секој ден, а нетоварени камиони ќе може да циркулираат 24 часа. На овој царински пункт македонската страна не дозволува премин на прехранбени производи од животинско потекло и нафтени производи, категории што мора да поминат низ Косово - нагласи Беја.
Посочи дека камионите што веќе влегле на царинската територија на Република Албанија, царинети или под режим на внатрешен транзит преку царинската филијала „Ќафасан“ кај Струга, мора повторно да излезат од оваа филијала и да влезат преку Блато.
Понуденото техничко решение се состои од користење на националниот режим на надворешен транзит, во согласност со Царинскиот закон на Република Албанија. Овој режим овозможува транзит на стока од една царинска точка до друга минувајќи низ територија надвор од царинската територија на Албанија.
Според Беја, ова решение е договорено и со македонската страна.
Поради големо свлечиште и оштетувања на коловозот, како и оштетувања и поместување на мостот на делницата Либражд - Прењас, кои се дел од Коридорот VIII, сообраќајот од Ќафасан кон Албанија е блокиран од неделата поради што голем број камиони се заглавени на преминот.
МИА
Ново на Сител
-

САД повторно ги ставија на чекање мировните преговори меѓу Украина и Русија поради војната во Иран
-

Хегсет: Трамп ќе ги диктира условите за предавање на Иран
-

Филипче: Да се намали ДДВ-то за горивата од 18% на 5%, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната
-

Инфлација од 2,9 отсто во февруари
-

Осум пријавени настани со семејно насилство, приведени шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко
-

Вработена од ДЗС Кочани: За Пулс не сум добила никаква документација, подрачното одделение Кочани нема инспектор за заштита и спасување
-

Метеж на бензинските, граѓаните брзаат да ги наполнат резервоарите
-

Во Штип одбележани 83 години од депортацијата на Евреите
