-->
-->
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје
-->
Министерството за внатрешни работи информира дека на 27.03.2022 (недела) со почеток во 10.00 часот, во организација на атлетски клуб „Фортиус“, ќе се одржи атлетска трка на 10 км - „Водно 10К“, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до Манастирот Св.Пантелејмон и обратно.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај, Единица за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
