Утре без струја фирми во индустриската зона „Илинден“ и зграда во Мичурин
Утре без електрична енергија ќе бидат повеќе фирми лоцирани во индустриската зона „Илинден“ во Општина Илинден, како и зграда на улицата „Фрањо Клуз“ во Општина Аеродром, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, врз основа на известување добиено од ЕВН.
Во соопштението се посочува дека утре во периодот од 08 до 11.30 часот без струја ќе бидат објектите на фирмите „Шенкер“, „Јуба“, „Бане Сомбор„, ПП „Лукс“, „Мерцедес Тим Сервис“, „Ин Тајм“, МК БПС, УПС „Македонија – Шпедитерска Служба“, „Бими Компани“, „Садион Група“ ДОО, „Јока“ ДООЕЛ, „Фреш Фарм“, „Солекс“, „Фабер“, ЛЕКС, „Еуролукс“ и „Лино“ лоцирани во индустриската зона „Илинден“.
Во периодот, пак, од 09.30 до 10.30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „Фрањо Клуз“ број 2 – влез 1 и влез 2.
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
