Усвоени годишни програми за развој на туризмот, заштита на природата, јавно здравје
Предлог – програмата за развој на туризмот за 2020 година, како и годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко – планска документација и урбанистичко – проектна документација, се усвоени денеска на седница на Владата.
Во функција на редовното работење, согласно со законските обврски за донесување на програмите за работа на почетокот на секоја календарска година, на денешната седница се разгледани и усвоени програми за работа на повеќе министерства, јавни претпријатија, агенции и акционерски друштва во државна сопственост.
На предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање на седницата е усвоена и Програмата за заштита на природата за 2020 година, како и Програмата за рамномерен регионален развој за оваа година на Министерството за локална самоуправа, а на предлог на Министерството за здравство, Националната годишна програма за јавно здравје во Република Македонија за 2020 година, како и програмите „Здравје за сите”, за рана детекција на малигни заболувања и за трансплантација за 2020 година.
Ново на Сител
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје