Усвоена информацијата на МО за престој на странски вооружени сили на наша територија за учество на „Brave Partner - 23“

Владата на денешната седница ја усвоила Информацијата од Министерството за одбрана за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради учество на вежбата „Brave Partner - 23“ и донесе ваква Одлука.
- Полноправното членството во НАТО побарува и активно учеството во заедничките вежбовни активности, со што се зголемуваат одбранбените способности на Алијансата за одбрана и одвраќање. Во таа насока, вежбата „Brave Partner - 23“, како што е соопштено од Министерството за одбрана, е во целосна организација на Армијата на вооружените сили (ВС) на САД за Европа, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
На вежбата е предвидено да учествуваат единици од вториот коњички полк на вооружените сили на САД, на Армискиот полигон Криволак, што ја потврдува клучната гео-стратешка позиција на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
