Уставот и законите мора да се почитуваат, вели Мицкоски за барањата за полагање на правосуден испит на албански јазик

Барањата се едно, но Уставот и меѓународните стандарди се друго. И мораме така и да се однесуваме. Ако навистина мораме европски да се однесуваме тогаш мораме да ги почитуваме и Уставот и меѓународните стандарди, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со барањата на студенти Албанци за полагање на правосудниот испит на албански јазик. Премиерот посочи исто така дека на вчерашниот протест биле забележани лидери на опозициските партии на Албанциите, за што се информирани НАТО - сојузниците.
- Факт е дека законот кој е донесен, а тоа е Законот за примена на јазиците е предизвикан пред Уставниот суд, токму во оној дел „владеењее на право“ и „правосудство“, факт е дека имаме негативно мислење од Венецијанската комисија кое се однесува за двојазичноста во правосудството. Прво, немаме доволно ресурси за да тоа го имплементираме, а второ, не се гарантира владеење на правото односно нееднаквост во владеењето на правото. Затоа тие силно препорачуваат да се вратиме на законот за јазици од 2008-2009-та година. Истовремено факт е и дека студентите кои изучуваат Правен факултет на својот мајчин, во случајов албански јазик, имаат право да го прават тоа и се дел од образовниот систем во Македонија, рече Мицкоски.
Премиерот, кој денеска беше во посета на скопската општина Аеродром, посочи дека е формирана комисија од уставни експерти која работи да најде решение кое е по устав и меѓународни стандарди.
-Исто така е факт дека вчера видовме голем број опозициски активисти и функционери кои што беа на протестот и на тоа му дадоа и политичка конотација. Ние за тоа ги информиравме нашите сојузници во НАТО и во рамките на ЕУ за обид на опозицијата на одреден начин да направи дестабилизација и мислам дека тоа не наиде на одобрување од страна на високи претставници на меѓународната заедница, рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
