Уставниот суд прославува 60 години од постоењето со Mеѓународна конференција со домашни и странски гости
По повод 60 години од основањето, Уставниот суд денеска ќе биде домаќин на Меѓународна конференција која ќе се одржи во Собранието, со почеток во 10:00 часот. Тема на конференцијата ќе биде „Уставно-судска заштита на слободата на мислата и слободата на јавно изразување на мислата“.
Настанот се организира со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на кој му претходеше склучување на Меморандум за разбирање.
На конференцијата најавено е обраќање на шефот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Јован Митрески, премиерот во техничката Влада Талат Џафери, министерот за правда Кренар Лога, амбасадорката на САД, Анџела П. Агелер, претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска и други.
- Оваа конференција претставува можност и форум за презентација и дискусија на искуствата, методите и доктрините на темата на Конференцијата да се обратат претставници на уставните судови и меѓународните институции. Претставници на медиумите, невладиниот сектор исто така ќе бидат дел од овој настан, за да го споделат своето искуство и согледувања на темата, велат од Уставниот суд.
Ново на Сител
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија
-
За брзо возење 286 санкции на територија на цела држава