Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар

Со фокус на континуираното усовршување и градење на силен внатрешен кадар, официјално заврши првата фаза од Лидерската академија на Flex Group, која започна да се реализира во февруари оваа година.
Оваа интензивна едукативна програма успешно ја поминаа околу 60 директори и менаџери од различните компании во рамките на групацијата. За дел од колегите кои однеодамна се наоѓаат на раководни позиции, академијата се покажа како клучна поддршка во нивната кариерна транзиција, обезбедувајќи им напредни алатки за стратешко размислување, поефикасно водење на тимовите и балансирање помеѓу брзите деловни резултати и корпоративната емпатија.
Целосната имплементација и предавањата на оваа фаза беа реализирани во соработка со едукативниот центар Prudens – организациски развој и лидерство, чии експерти и тренери понудија високи стандарди на предавање и практични модули прилагодени на современите пазарни предизвици.
Низ дискусиите и евалуацијата на програмата, учесниците истакнаа дека обуката дошла во вистински момент за нив, помагајќи им да го надминат почетниот притисок од новите одговорности и со значително поголема самодоверба да
пристапат кон менаџирањето на секојдневните процеси во филијалите и секторите.
Завршувањето на овие модули е само вовед во долгорочната стратегија на Flex Group за едукација на вработените. По кусата летна пауза, во септември програмата продолжува со нови специфични модули и дополнителни реномирани
тренери, со цел натамошно зајакнување на лидерските капацитети на групацијата.
Комерцијален текст
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Филипче бара извинување од Мицкоски, премиерот ја нарече одлуката на обвинителството скандалозна
-

Опозицијата поделена по понудата за предвремени избори
-

Во Скопје детектирани 13 високо ризични места за ширење на западно-нилскиот вирус
-

Прекината епидемијата во Гостивар
-

Чадот од пожарите го загрозува здравјето - најчувствителни се децата и хронично болните
-

Училишниот прибор ќе поевтини до 15 проценти, Владата ќе носи одлука во вторник
-

Пораст на просечната плата за 6,4% годишно, пензиите од септември повисоки за 6 отсто
