Успешно изведен првиот директен лет од Австралија до Европа

Авионот на авиокомпанијата „Квантас“, што полета вчера од западниот австралиски град Перт, денеска по повеќе од 17 часа слета на лондонскиот аеродром Хитроу, со што го изведе првиот директен лет од Австралија до Европа.
Авионот од типот „Боинг 787-8 Дримлајнер“ со 200 патници и 16 членови на екипажот, на летот од Перт до Лондон мина вкупно 14.498 километри.
„Боингот“ беше специјално прилагоден за овој лет со обезбедување дополнителен слободен простор и намалување на бројот на седиштата од 265 на 236.
На церемонијата во Перт пред вечрашното полетување на авионот, директорот на австралискиот авиопревозник Алан Џојс изјави дека „Квантас“ се подготвувал за ваков лет уште од неговото фомирање во 1921 година.
Првиот лет на „Квантас“ на релација од Австралија до Велика Бротанија бил реализиран во декември 1947 година. Авионот тогаш летал од Сиднеј до Лондон со седум попатни слетувања и летот траел вкупно четири дена.
„Квантас“ планира од 2022 година да воведе и директен лет од Сиднеј до Лондон.
Инаку, најдолгиот директен лет на редовна авиолинија во светот го изведува авикомпанијата „Ер Индија“. Станува збор за лет од Њу Делхи до Сан Франциско, чие растојание е 15.140 километри.
Ново на Сител
-

Прилепчанец со над три промили алкохол во крвта возел во Неготино, задржан во полициска стани
-

Едно лице загина во руски напад за време на велигденското примирје меѓу Украина и Русија
-

Филипче: ВМРО останува без својот единствен сојузник во ЕУ
-

Ирански функционер му се потсмева на Трамп поради растот на цените на нафтата
-

Иран: Американските мерки во Ормуска Теснина се „пиратство“
-

Нема подолги задржувања на граничните премини од македонска страна
-

Најстудено утрово во Маврово со температура од 4 степени
-

Папата Лав XIV ја започнува најдолгата посета на Африка во својот понтификат
