Македонија и Франција ќе ги зајакнуваат трговските врски

Министерот за подобрување на инвестициската клима за домашните компании Зоран Шапуриќ и министерката за привлекување странски инвестиции Зорица Апостолска денеска се сретнаа со францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние и директорот на канцеларијата „Business France“ со седиште во Атина, Пиер Лињо.
На средбата, како што информира Кабинетот на министер Шапуриќ, амбасадорот Тимоние го истакна интересот на фрацуските компании за регионот, ги поздрави евроатлантските аспирации на Република Македонија и ја напомена поддршката од Франција во тој процес.
Директорот Лињо го претставил претстојниот економскиот форум „Франција-Балкан 2018“ што ќе се одржи во Белград на 30-ти и 31-ви мај. Ова, како што се наведува, е трет форум и е продолжение на процесите започнати од Берлинскиот процес и самитот во Париз.
На економскиот форум ќе присуствуваат компании од Франција заедно со уште 12 делегации и компании од земјите од регионот. Се очекува присуство на повеќе од 250 учесници, кои ќе бидат фокусирани на пет сектори: агроиндустрија, инфраструктура, IT (нови технологии), енергетика со фокус на обновливи извори и туризам.
- Економскиот форум ќе претставува одлична можност за македонските компании да ги претстават своите производи и услуги со цел да остварат бизнис партнерство и соработка со франциските компании. Учеството за македонските компании на економскиот форум е бесплатно, се вели во соопштението.
Амбасадорот Тимоние ја истакнал важноста на форумот во процесот на зајакнување на трговските врски меѓу Франција и Македонија.
Министрите Шапуриќ и Апостолска се заблагодариле за можноста која им се нуди на македонските компании и ја повториле заложбата на Владата изразена преку Планот за економски раст за стимулирање и поддршка на конкурентноста на домашните компании, како и нивно вмрежување со странски компании.
Ново на Сител
-

Во март Србија ја посетиле најмногу туристи од Русија и од Македонија
-

Во средно училиште во Тетово нападнати две лица со остар предмет од 15-годишник
-

ЗМАИ: Напредокот во неонаталната грижа покажува дека системски промени се можни и во македонското здравство
-

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ
-

19-годишник загина во сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл и автобус во Прилеп
-

РКЕ со препорака до компаниите да продолжат со греење поради ниските температури во следните два дена
-

УФП: Кривична против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија и пет членови на комисија за злоупореби со издавање лиценци
-

Лазаров го објави поширокиот список за баражот за СП 2027
