Успешна мисија: Спасено 16-годишно девојче кое паднало во дол

Малолетното девојче кое паднало во увала во близина на манастирот Свети Илија над Струмица е извлечена, и во моментов се наоѓа во струмичката болница, информираа од ЦУК.
Вчера вечер околу 20.30 часот на 112 е добиен повик од возрасна жена која известила дека нејзината малолетна ќерка е падната во увала во близина на манастирот Свети Илија над Струмица но не ја знае точната локација. Воедно известила дека ќерката има повреди на главата.
„Операторите од 112 ја смириле видно вознемирената мајка и побарале од неа да ја извести ќерката да се јави на 112 за да се утврди локацијата на која се наоѓа. Ќерката се јавила на 112 исплашена и вознемерина, кажала дека има повреди на главата и дека не знае да го посочи точното место на кое паднала. Операторите од 112 преку системот на 112 ја утврдиле точната локација а ооеративците од Секторот за операции и координација од ЦУК итно ги известиле СВР Струмица, ТППЕ Струмица и Итната медицинска помош од Струмица. Сите посочени екипи веднаш излегле на терен, ја пребарале посочената локација и откако најпрво викајќи оствариле гласовен контакт со повреденото и исплашено лице набргу потоа успеале да ја најдат и да ја спасат“, соопшти ЦУК.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог
-

Втори во Европа по ниво на загаденост: Граѓаните „бегаат“ на Водно и бараат сонце
-

СДСМ бара вонредна седница и итни мерки
-

Откажани 20 летови на скопскиот аеродром поради густа магла, расчистување и снег од вторник
-

Дали новата варијанта на грип што се шири во Европа ќе ги загрози и граѓаните во Македонија?
-

Експерти: Барањата на Ахмети се надвор од Рамковниот договор, смените во опозицијата се козметички
-

Тивкиот повик за припадност: Како плакати и QR-кодови стануваат „јадица“ за радикализација
-

Патот до Галичица затворен
