Македонија
29. December 2018 - 21:20

Уште едно убиство ја потресе Македонија: Вечерва убиен маж во Кичево

Убиство во Кичево попладнево. Според информациите од МВР околу 17 часот во полициската станица во Кичево било пријавено дека во угостителскиот објект ,,Гурман‘‘ лоциран на улицата ,,Борис Кидрич‘‘ бил пронајден прободен со нож сопственикот на објектот на возраст од 64 години  од Кичево.

Смрт била констатирана  од итна медицинска помош.

На местото на настанот излегле полициски службеници и јавен обвинител. Увдиот се уште е во тек информираат од МВР.