-->
-->
Уште една победа над Австрија од 3:0
-->

Одбојкарска репрезентација на Македонија ја забележа втората победа против Австрија и вкупно петта во групата од Европската лига откако вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ исто како и вчера славеше со 3:0 во сетови.
Со овој триумф македонските одбојкари се искачија на втората позиција на табелата и си ги зголемија шансите за пласман на завршниот турнир кој ќе се одигра во Полска.
Првиот сет заврши со резултат 25:22 иако гостите до средината на сетот водеа со 16:11, но во завршницата избраниците на селекторот Жарко Ристоски одиграа посигурно и први стигнаа до 25-от поен.
Во вториот сет беше 25:19 по што се најавуваше посакуваниот убедлив триумф кој беше потврден сo 25:22 во третиот сет.
Табела во групата-А по осум одиграни натпревари:
1.Естонија 23 бодови,
2.Македонија 16,
3.Полска 15,
4.Австрија 9,
5.Данска 5,
6.Израел 4.
Наредниот петок и сабота (7 и 8 август) Македонија и гостува на Полска. Со евентуални две победи и шест освоени бода, како и два пораза на Грција на гостувањето во Словенија, Македонија ќе го повтори ланскиот успех кога играше полуфинале во Европската лига.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
