Уште една плата за вработените кои работеа на промена на личните документи

Вработените во управните служби на МВР кои работеа на процесот на промена на личните документи на граѓаните утре ќе добијат уште една плата. Оваа одлука поминала на денешната владина седница, соопшти МВР.
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи во техничката Влада, Митко Бојмацалиев на денешната прес - конференција во Владата изрази благодарност до вработените во МВР кои изминатиот период беа ангажирани во управните служби да работат на промената на личните документи на граѓаните.
-Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на сите колеги кои работата во управните служби изминатиот период кои работат во смени, за викенди и на празници, кои дадоа свој личен придонес за промена на патните исправи, на лични документи и сите останати документи кои граѓаните требаше да ги променат од Република Македонија со новото име Република Северна Македонија. Воедно, ги информирам дека утре на своите сметки ќе добијат по една плата во висина од последната исплатена плата која ја имале од МВР, акт кој исто така е потпишан од мене и од министерот, рече Бојмацалиев.
Ново на Сител
-

Денес посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп тврди дека Иран е целосно поразен
-

Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани
-

Работнички протест на ССМ во Скопје со барање за минимална плата од 600 евра
-

Над 100 малолетници загинале во Либан поради војната додека раселувањето нагло расте
-

Во Кочани литургија и општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Најмалку 77 бродови поминале низ Ормускиот Теснец од почетокот на воените дејствија во регионот
-

Облачно со услови за повремен локален дожд
