-->
-->
Уште еден косовски Албанец-џихадист убиен во Сирија
-->
Уште еден Албанец од Косово загинал на боиштата во Сирија, борејќи се на страната на ИД.
Станува збор за Басри Сулејмани од Приштина, кој бил десна рака на лидерот на албанските џихадисти во Сирија, Лавдарим Мухаџери.
Според онлајн изданието на приштинскиот весник „Експрес“ Сулејмани загинал при бомбардирањата на еден од камповите на ИД во Сирија. Веста за неговата смрт ја добило неговото семејство.
- Сулејмани ја оставил својата сопруга во Косово, за да се приклучи на силите на ИД во Сирија. За време на неговиот престој таму тој се оженил уште еднаш, пишува „Експрес“.
Со смртта на Сулејмани се зголемува бројот на убиените Албанци-џихадисти од Балканот во Сирија и Ирак на над 80.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ