Тенис
1. September 2015 - 9:16

УС Опен: Победи на Ѓоковиќ и Надал

Првиот фаворит на турнирот во Њујорк, Новак Ѓоковиќ за  само 71 минута (6-1, 6-1, 6-1) убедливо го совлада Жоао Соуса и се пласира во  втората рунда, каде ќе игра со Андреас Хајдер-Маурер.
 
Многу потешко до победата дојде Рафаел Надал  бидејќи енергичниот Борна Чориќ успеа да му одземе сет (6-3, 6-2, 4-6, 6-4).
 
Хрватскиот тинејџер му пружи силен отпор на Надал, особено во третиот и четвртиот сет, со што уште еднаш докажа дека го очекува блескава иднина, но до сензација не успеа да стигне. Надал во второто коло ќе се сретне со Аргентинецот Диего Шварцнам.

Ново на Сител