-->
-->
Урсула фон дер Лајен во самоизолација по контакт со заразен со Ковид-19
-->
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е во самоизолација откако неодамна имала контакт со лице заразено со Ковид-19, напиша денеска самата на Твитер, пренесе ДПА.
„Ме известија дека на состанокот на кој учествував минатиот вторник присуствувало и лице кое од вчера е позитивно на Ковид-19“, напиша таа.
Фон дер Лајен напиша и дека во четвртокот веќе направила еден тест и дека била негативна за присуството на коронавирус, и дека подоцна денеска треба да направи уште еден, додаде германската агенција.
Таа кажа дека во самоизолација ќе биде до „рано во вторник, во согласност со важечките прописи“, пренесе ДПА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
ВО ЖИВО: Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите