Управата за водење матични книги во Кочани преместена во поранешни простории на ПИОМ

Подрачната канцеларија на Управата за водење матични книги во Кочани од оваа седмица се наоѓа во нови простории, кај поранешниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување.
Новите простории се обезбедени со шалтерски систем и просторија за администрација, а вработени се неколку матичари и други соработници и советници, кои што ја извршуваат целокупната работа од областа на матичното работење за потребите на граѓаните на територијата на општина Кочани.
- Тука се пријавуваат сите раѓања на територијата на општина Кочани, раѓањата на нашите граѓани кои што живеат во Кочани, а се родени во странство. Исто така тука се пријавуваат младите за склучување на брак, како и браковите склучени во странство со постојано живеалиште во Кочани. Се пријавуваат и смртните случаи кои што се случуваат на територија на општина Кочани, како и оние во странство ако лицата се родени во Кочани, изјави Коста Вучков, самостоен референт - матичар.
Издвојувањето од МВР е согласно прописите кои што ги налага ЕУ, а тоа е градската матична служба да се оддели од Министерството за внатрешни работи.
Новите простории се во сопственост на Република Македонија и се доделени на Управата за водење матични книги, Подрачна канцеларија - Кочани. Вучков посочи дека вадењето лични карти и пасоши останува во надлежност на МВР.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
