УНИЦЕФ: Тројно зголемен бројот на жени и деца мигранти

Бројот на жени и деца мигранти кои поминуваат низ Македонија во последните три месеци е трипати зголемен, објави денеска Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.
Според нив, секојдневно низ државата поминуваат околу 3.000 мигранти од кои една третина се жени и деца. Околу 12 проценти од жените се бремени.
Повикувајќи се на бројките од Министерството за внатрешни работи, од УНИЦЕФ посочуваат дека 80 проценти од мигрантите се од Сирија, пет проценти од Авганистан и уште пет проценти од Ирак.
- Од јуни 2015 година, повеќе од 52.000 лица се регистрирани во Прифатниот центар на границата во Гевгелија по влегувањето од Грција. Се проценува дека исто толкав број транзитираат низ земјата без да бидат регистрирани, наведува УНИЦЕФ во соопштението.
Оттаму истакнуваат дека испраќаат балони со вода од 30 илјади литри и два шатора од по 72 квадратни метри.
- УНИЦЕФ внимателно ја следи ситуацијата на терен и работи со локалните власти за да обезбеди заштита за децата, се вели во соопштенеито.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде накитено од 10 до 15 декември, новогодишната прослава ќе биде со македонски изведувачи и без огномет
-

Ѓорѓиевски: Градските служби се на терен, Скопје е подготвено за најавените снежни врнежи
-

Сиљановска-Давкова: Насилството сите не боли, навредливо е и незамисливо
-

Неготинец си го натепал малолетниот син со метален предмет
-

Отстрането државно знаме во Гостивар, полицијата истражува
-

Приведени лица за повеќе случаи на семејно насилство, закани и злоупотреба во семејството
-

Јаневска: Не гледам причина за протест ако на студентите им се нуди повеќе
-

Два авиона на „Американ ерлајнс“ се судрија пред полетување во Вашингтон, нема повредени
