Унгарскиот парламент треба да одлучува за кандидатурата на Шведска за НАТО
Унгарскиот парламент денеска се очекува да го ратификува приемот на Шведска во НАТО, пренесе ДПА.
Пратениците треба да гласаат за барањето на Шведска за членство во НАТО на првата пленарна седница по враќањето на парламентот од зимскиот распуст. Се очекува гласањето да биде попладне.
Собраниските комисии веќе ја одобрија ратификацијата, недостасува само согласност од целосното собрание.
Унгарија е единствената од 31 земја-членка на НАТО која сè уште не го ратификувала приемот на Шведска. Сите членови мора да се потпишат на барањата пред да биде примена нова земја.
Будимпешта наведе различни причини за доцнењето.
Неодамна, десничарската популистичка влада на премиерот Виктор Орбан рече дека се чувствува „навредена“ од критиките од Шведска за состојбата на владеењето на правото во Унгарија.
Шведска поднесе барање за членство во НАТО заедно со Финска во мај 2022 година во услови на руската војна против Украина. Финска стана 31-ва членка на Алијансата на почетокот на април минатата година.
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче