Трамп по новите напади: Седнете и опуштете се, Иран сака да постигне договор

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на својата социјална мрежа Truth Social напиша дека „Иран всушност навистина сака да постигне договор“.
Истовремено, тој жестоко ги нападна сите критичари кои ги доведуваат во прашање неговите напори во преговорите со Техеран.
„Не разбираат ли овие „демократи“ и разни навидум непатриотски републиканци дека ми е МНОГУ потешко добро да си ја работам работата и да преговарам кога политичките платеници постојано и негативно „цивкаат“, на нивоа што не се видени досега, повторувајќи одново и одново дека треба да одам побрзо, или да одам побавно, или да одам во војна, или да не одам во војна, или што и да е? Само седнете и опуштете се, на крајот сè ќе испадне добро – секогаш е така!“, рече Трамп.
Интересно е што во својата последна објава, американскиот претседател не го споменува иранскиот напад врз цели во Кувајт, ниту жестоките американски воздушни напади врз цели во Иран што беа извршени во текот на викендот.
Централната команда на американската армија (CENTCOM) утрово официјално потврди дека извршила нови воздушни напади врз цели во Иран.
Официјалното соопштение на Пентагон дојде само неколку минути откако Кувајт објави дека е нападнат, по што се вклучија сирени за предупредување за воздушна закана од ракети и беспилотни летала.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Буџетот е во одлична кондиција, остануваме држава со најевтини горива
-

Вицепремиерот Арбен Фетаи поднесе оставка
-

Во мај констатирани се 28.494 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“
-

Мицкоски од МЕФ: Предизвиците во енергетската криза да ги претвориме во можност
-

Условна казна затвор за владиниот обезбедувач кој призна вина за семејно насилство врз сопругата
-

Алиу: Отворен Центар за третман на дебелина кај децата на Детската клиника
-

Ѓорѓиевски: Темелна реконструкција на улица „Загребска“ и изградба на потпорен ѕид
-

Над 16 илјади казни за еден месец, најмногу за брзо возење, одземени 238 возила
