Умре поранешниот ирски премиер Џон Бритон

Поранешниот ирски премиер Џон Брутон почина денеска по долго боледување во приватната болница „Матер“ во Даблин, соопшти неговото семејство. Тој помогна во поставувањето на темелите за северноирскиот мировен договор од 1998 година, а подоцна беше европски амбасадор во Вашингтон.
Седумдесет и шестгодишниот Брутон беше премиер од 1994 до 1997 година кога беше претседател на централно-десничарската партија Фајн Гаел и одигра важна улога во преговорите со Велика Британија и политичките групи во Северна Ирска.
Така, тој придонесе за склучување на мировниот договор на Велики петок 1998 година, кој го потпиша неговиот наследник Берти Ахерн.
Брутон ја намали корпоративната даночна стапка на Ирска на една од најниските во Европа, овозможувајќи економска револуција во земјата кон крајот на 1990-тите.
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
