Уловена една од најотровните риби во светот во близина на Будва

Искусниот рибар Илија задно со својата ќерка Анџелика вчера доцна попладне на длабочина од пет метри во Јадранското море уловиле возрасен примерок на една од најотровните риби во светот, риба со четири заби.
Според директорот на Институтот за биологија во морето, ова е втор пат овој вид да се најде во мрежите на рибарите од Рафајловиќ.
Оттаму потврдиле дека се работи за една од најопасните риби која е позната по присуството на отров во црниот дроб, а нејзината консумација може да има тешки последици за човекот.
Надлежните апелираат туристите кои рекреативно си ловат риби на брегот, да внимаваат и да се консултираат по секој улов. Поради глобалното затоплување и високите температури создадени се услови за живеење на овој вид риба во Јадранското Море. Дополнително утврдено е дека дел од овие риби имале репродуктивна активност, па во иднина се очекува нов улов на овој вид.
Ново на Сител
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
