Украина ќе биде во фокусот на денешната онлајн средба на лидерите на Г7, повикан и Зеленски

Лидерите на групата индустриски најразвиени земји Г7 денеска имаат закажана видеоконференциска врска, на која се очекува во фокусот на нивните разговори да биде загриженоста од руската инвазија врз Украина, пренесе ДПА.
На онлајн настанот , исто така, се очекува линковски да се појави и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ќе треба да ги информира лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД за состојбата на теренот.
ДПА најавува дека постојат информации дека и американскиот претседател Џо Бајден можеби ќе сака да се разговара за дополнителни санкции против Русија.
Засега нема детали за точното време на средбата.
Организаторите соопштуваат дека на средбата може да се појават и други теми.
Состанок се организира на 8 мај, денот што во Европа традиционално се слави како крај на Втората светска војна на Стариот континент и ослободувањето на Европа од нацистичките сили.
Ново на Сител
-

Гостивар денеска треба да добие технички исправна вода
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Зеленски одобри план за за повеќе операции со долг дострел во Русија
-

Израел ќе дозволи влез на меѓународни сили во Појасот Газа
-

Почина познатиот актер Гоце Тодоровски
-

Променливо облачно и топло, наместа пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори
-

Лишени од слобода осум лица за поседување дрога
