Украдени спомен бисти на Крсте Петков Мисирков и Ѓорѓија Пулевски и две бронзени бисти од гробиштата во Бутел

Во Градскиот парк кај бараките на Град Скопје е украден споменикот на Крсте Петков Мисирков, додека спомен бистата на Кочо Рацин била оштетена. До полицијата вчера исто така имало пријава дека од дворот на училиштето била одземена спомен биста на Ѓорѓија Пулевски, но и дека биле украдени две бронзени бисти од Градските гробишта Бутел.
-На 12.05.2025 во 09.30 часот во СВР Скопје, од ЈП „Паркови и зеленило“ било пријавено дека во Градски парк, кај бараките на Град Скопје, бил одземен споменикот на Крсте Петков Мисирков, а спомен бистата на Кочо Рацин била оштетена, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
Истиот ден, додаваат, било пријавено дека од дворот на Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“, на подрачјето на општина Аеродром, била одземена и спомен биста на Ѓорѓија Пулевски.
-Истиот ден во 13.25 часот, од Основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“, на подрачјето на општина Аеродром, било пријавено дека од дворот на училиштето била одземена спомен биста на Ѓорѓија Пулевски, додаваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
МВР информира и дека вчера Б.И.(67) и С.Ж.(76), двајцата од Скопје, пријавиле дека од гробни места од Градските гробишта Бутел биле одземени две бронзени бисти и дека полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Милошоски: До Македонија официјално нема барање за азиланти или мигранти, дури и ако има категорично би било одбиено
-

Јовевски: Скратувањето на работното време е неизбежна иднина
-

Зеленски: Секаков компромис со Русија мора да биде потврден со избори или референдум
-

Ѓорѓиевски: Се воспоставува ред на „Пластичарска“, се постапува и на Зимзоленд, немаат дозвола за вршење дејност
-

Осомничениот за убиството на Чарли Кирк денеска треба првпат да се појави пред суд
-

Во Центар Жупа изградено првото детско игралиште
-

Одбраната на обвинетите пазарни инспектори за случајот „Пулс“ тврди дека се пласираат неточни информации за институционалната одговорност и правниот статус на објектот
-

Бугарската влада на Росен Желјасков поднесе оставка по жестоките протести поради законот за буџет
