Тестот за бременост бил позитивен, но во нејзиниот стомак немало бебе, туку растело нешто застрашувачко

Лорин Ноулс од Абердин, Шкотска била пресреќна кога тестот за бременост покажал дека повторно е во гравидна состојба.
Бременоста течела вообичаено се до почетокот на осмата недела, кога на кожата и се појавило силно црвенило. Лекарите ја испратиле на скенер, кој ја открил ужасната вистина: Нејзиното “неродено бебе“ всушност е смртоносна болест. И рекле дека боледува од злокобната моларна бременост или хидатиформна мола, врста на тумор поради која доаѓа до гроздесто здебелување на постелката.
- Туморот растеше во материцата на ист начин како што би растело бебе, ги лачат истите хормони, а тестовите за бременост секојпат беа позитивни. Немаше шанси да помислам дека тоа е рак, но откако почнав да крварам, направив неколку тестови, а снимката покажа дека масата во мојата материца е рак и веднаш започнав со терапија – раскажа Лорин, која денеска живее во Перт, Австралија.
Меѓутоа, туморот постојано се враќал.
Еден ден додека го лулала својот син во паркот погледнала во земја и видела крв на сите страни. Итно е префрлена во болница, за потоа да има шест циклуси на високотоксична терапија. За тие недела дека и паднала целата коса. После пет месеци, нејзината состојба продолжила да се влошува, потоа еден ден осетила силни грчеви во стомакот.
- Имав ужасни болки, станав од кревет и заминав во тоалет заедно со инфузијата. Што седнав, почнав да се напнувам. Беше многу болно. Кога помина болката, станав и погледнав во вц шолјата, во која имаше голема црна маса – раскажа Лорин.
- Почувствував огромно олеснување и благодарност што туморот излезе од моето тело.
Туморот со големина на круша ја оштетил нејзината материца и лекарите ја предупредиле дека тешко повторно да затрудни. Само три месеци подоцна останала бремена и ја родила ќеркичката Инди, која денеска има девет месеци.
- Цело време стравував дека тоа е повторно моларна бременост и не можев да уживам во неа. Кога за прв пат отидовме на ултразвук и ги видов отчукувањата на срцето на Инди не можев да престанам да плачам од среќа – изјави таа.
Инди е родена пет недели пред терминот со царски рез, но е “целосно совршена“.
- Сакам на сите да им кажам дека никогаш не треба да се губи надеж, дури и кога тоа ви се чини невозможно – изјави таа.
Ново на Сител
-

Граничниот премин Ники затворен за товарни возила, сообраќајот на патиштата непречен
-

Продолжи судењето против екс директорите на АМС за злоупотреба на спортски ваучери, одбраната смета дека вештачењето е парцијално
-

УХМР: Продолжува периодот на претежно сончево и тивко време
-

Апсење во Прилеп: Сомненија за проневера во прилепската болница
-

84 годишен дедо со нож се обидел да убие жена во хотел во Куманово
-

Трагедија во Прилеп: Починато осумдневно бебе
-

Лицата со аутизам и Даунов синдром ќе добијат бесплатен паркинг во Скопје
-

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
