Украден сеф со пари и накит од куќа во Штип
Сеф со 7.100 евра, 2.200 долари, 10.000 денари и златен накит е украден ноќеска од куќа во Штип.

Како што соопшти полицијата, разбојништвото го извршиле засега непознати сторители, маскирани со фантомки. По 00:00 часот тие насилно влегле во куќата, со употреба на алат. Им ги врзале рацете на домаќините А.Б.(77) и М.Б.(70) со самолеплива лента. Од А.Б. го побарале клучот од сефот и притоа физички го малтретирале. Откако не успеале да добијат одговор, почнале да пребаруваат и во една од просториите го пронашле сефот.
М.Б. успеала да се ослободи околу 01:20 часот и настанот го пријавила во СВР - Штип. А.Б. е пренесен во Клиничка болница каде му се констатирани телени повреди и е задржан на натамошно лекување.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Се одложи стартот на судењето за екс вицепремиерот Груби, адвокатите побараа увид во доказите
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за избори, државната каса е празна
-

Македонските превозници најавија протест пред делегацијата на ЕУ на 31 август
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-

Македонија гори и денеска - на Бигла гори борова шума
-

Македонија има најмногу заболени од западнонилска треска на милион жители во Европа
-

Септемвриските пензии ќе се зголемат за 3%
