Укинати ковид мерките за влез во земјава
Престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во земјава задолжително да приложат сертификат за извршена вакцинација, сертификат за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, медицинска потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред влезот во државава или негативен брз антиген тест направен 48 часа пред влезот во земјата.
Одлуката вчера на седница ја донесе Владата која ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб.
Како што информираа од владината прес-служба, Владата донела и одлука да биде укината и мерката домашна изолација/карантин во времетраење од седум дена за лицата кои при влез на граничните премини нема да приложат еден од досега предвидените сертификати или потврди.
Претходно, беа укинати и мерките за задолжително носење маски во основните и средните училишта и во затворени простории, освен во болници, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица. Не се бараат ниту сертификати за влез во шопинг центри. Олабавувањето на рестриктивните мерки следува по стабилната епидемиолошка состојба во земјава.
Согласно вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје кои ги соопшти Министерството за здравство, при направени 1.833 тестови регистрирани се 133 нови случаи на КОВИД-19, од кои 20 се реинфекции, има 156 оздравени пациенти и нема починат, но преку „Мој Термин“ е пријавено едно починато лице во болнички услови на 8 април.
Од почетокот на епидемијата регистирани се 308.752 КОВИД-дијагностицирани лица, бројот на оздравени пациенти е 298.688, на починати е 9.263, а бројот на активни случаи изнесува 801 од кои најголем број 444 се во Скопје.
Ново на Сител
-

Приведени шест малолетници од Скопје, со употреба на остар предмет од малолетник одзеле пари
-

25-годишник пијан предизвикал пожар во своето село, измерени му се 2,36 промили алкохол во крвта
-

За само шест месеци откриени над 6.300 AI-слики со сексуална злоупотреба на деца
-

Чекањето заврши: Пристигна новата реалност во Тиго со намалени трошоци
-

И покрај повисоките цени, „Октоберфест“ годинава заврши со рекорден број посетители
-

Истражување: Колку ПХЕВ ја загадуваат животната средина?
-

Принцот Ендрју со претставка до полицијата поради неговото апсење во врска со Епстин
-

Шпанија оди на предвремени избори, премиерот Санчез ги распиша за 29 ноември
