-->
-->
УКИМ нуди сместување за семејствата на повредените од сообраќајката
-->
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја споделува тагата со семејствата на сите кои трагично ги загубија животите во сообраќајната несреќа која се случи вчера на автопатот Скопје–Тетово и им изразува длабоко и искрено сочувство за ненадоместливата загуба.
Водени од желбата да помогнеме на семејствата чии членови се повредени и се наоѓаат на лекување во Ургентниот центар „8 Септември“ и на другите клиники на територијата на град Скопје, УКИМ ги нуди своите расположливи капацитети за сместување во Домот за постдипломци кој се наоѓа во непосредна близина на болницата, позади Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ и во лекторската зграда која е лоцирана во општина „Аеродром.“ Контакт лице: Илија Богоевски 070 286 173.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани