УХМР вечерва најавува дожд, еве каде ќе врне
МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 28 Виница, Гевгелија, 26 Претор, 25 Охрид, Струмица, 24 Битола, Д. Капија, Скопје, Тетово, Скопје Петровец, Штип, Тополчани, 23 Пожаране, 22 Прилеп, 20 Берово, 19 Крива Паланка, Ѓуриште, 18 Маврово.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 16 часот: 4 Охрид, 2 Штип, 1 Битола, Виница.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во југозападниот дел од земјата имаше краткотрајна појава на грмежи. Дуваше умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието, каде облачноста значително се намали.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Во вечерните часови ќе се задржи променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува умерен, на места засилен северен ветер.Во текот на ноќта облачноста насекаде ќе се намали.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повременo засилен северен ветер. Т-мин. од 9 до 17 а т-макс и утре ќе биде под просечната за овој период од годината и ќе биде во инетервал од 22 до 29 степени. УВ=7. Во Скопје, сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер. Т-ра 15 / 26 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Од среда следува период на претежно сончево време со посвежи утра. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, така што во деновите од викендот ќе биде во интервал од 30 до 38 степени..
Ново на Сител
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор
-
Странски кардиохирурзи и кардиолози ќе ги проверуваат наводите на Сашко Кедев
-
Жените жртви на семејно насилство не добиваат соодветна заштита од институциите, вели ДЗР
-
Прочистување на судско-обвинителскиот систем после локалните избори
-
Мицкоски: Гласачкото ливче на локалните може да биде долго и 7-8 метри
-
Лукровски презентираше план за Карпош
-
Герасимовски најави нова мобилна гаража во Капиштец со 290 паркинг места
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во Драчево со капацитет за 75 деца