УХМР: Топењето на снегот може да предизвика штети кај лозјето, овошките и есенските посеви

Со топењето на снегот можно е да се детектираат првите оштетувања кај земјоделските култури, посебно кај овошките и виновата лоза кои најмногу настрадаа во изминатиот период, на екстремните минимални температури.
Според агрометеорлозите, наглото топење на снегот може да предизвика и формирање поголеми површини покриени со вода во депресиите што е непријатно за есенските посеви доколку се појават зимски мразеви без присуство на снежна покривка.
- Порастот на температурите и топењето на снегот ја зголеми влагата во почвата која подолг период се одржуваше во замрзната состојба и малку беше достапна за растенијата, а ќе биде повеќе од потребна во пролетниот период при обновување на вегетацијата. Во наредниот период очекуваните температури на воздухот со вредности околу 10 степени ќе овозможат нормално презимување и кратка релаксација од претрпените шокови во изминатиот период, оценува УХМР.
Позитивните утрински температури или температурите блиски до нулата, како што наведува УХМР, барем до средината на наредната седница нема да дозволат погоелми варирања што е погодно за земјоделските култури.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Брзиот автобуски превоз (БРТ) станува реалност!
-

Се снимале како упатуваат закани кон министерот Тошковски, кривична за четворица битолчани
-

Сиљановска Давкова - Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае, но не по македонска вина
-

Судењето за „Онкологија 2“ прекинато, адвокатката Бегова казнета со 500 евра
-

Претрес во Демир Хисар, пронајдено оружје, приведено едно лице
-

Мицкоски: Градиме стабилен и отпорен финансиски систем усогласен со европските стандарди
-

ЈП Комунална хигиена - Скопје отстрани диви депонии на пластичарска улица и во Старата скопска чаршија
-

Славески: И покрај комплекноста на околината, централните банки остануваат цврсто посветени на ценовната стабилност
