УХМР сумираше, овој јуни руши рекорди еве зошто

До пет степени повисоки температури се измерени во јуни 2017 за разлика од истиот месец претходните години, соопшти УХМР.
Особено високи температури се регистрирани кон крајот на месецот. На 30 јуни се измерени екстремни вредности блиску до највисоките досега измерени за овој месец, додека средните минимални и средните максимални температури на воздухот се над просечните вредности.
Согласно месечната информација што ја изготви УХМР, средните месечни температури за јуни се движеа од 16,5 степени во Лазарополе до 25,6 во Гевгелија, 17,5 во Маврово, 18,2 во Берово, 19,5 во Крива Паланка, 20,9 во Охрид, 21,5 во Прилеп, 21,8 во Битола, 23 во Скопје, 23,6 во Струмица и Штип и 24,8 во Демир Капија.
Највисоките температури, пак, се измерени во југоисточниот дел: Демир Капија 42,3 степени и Гевгелија 42, а во Штип 39,5, во Струмица 39,2, во Скопје – Зајчев Рид 38,8, во Битола 38,2, во Прилеп 37,7, во Охрид 35,3, во Крива Паланка 34,2, во Берово 33,8, во Лазарополе 30,7 и во Маврово 30,3 степени.
Во однос на врнежите, најголема месечна количина е измерена во Гевгелија и Крива Паланка, 101 и 75 милиметри. Во Берово наврнале 71 милиметар, во Струмица 57, во Лазарополе 56, во Скопје 48, во Штип 47, во Прилеп 44, во Демир Капија 36, во Маврово 32, во Битола 27 и во Охрид три милиметри.
- Главна одлика на врнежите во јуни е нивниот изразен локален карактер. На одредени места месечната сума е два пати поголема од просечната (Гевгелија), а на некои (Охрид) изврнале само еден процент од просечните месечни суми. На поголем дел од останатите мерни места, сумата на врнежите е блиска до просечната вредност, наведува Управата.
Висока дневна сума врнежи е измерена на 4 јули, во Гевгелија 71 милиметар, а дневни врнежи поголеми од 20 се измерени во Струмица (22 милиметри на 9 јуни), Лазарополе (22 на 7 јули) и Маврово (20 милиметри на 27 јуни).
Во деновите со значителни вредности на врнежите на многу места во Македонија било забележано нестабилно и олујно време со засилен ветер, грмежи и локална појава на град. Град со силен интензитет е регистриран на 14 јуни во Скопје, а на 7 јуни во југозападниот дел на земјата.
Ново на Сител
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
-

Фатени на камера, со натписи „УЧК“ вандализиран Српскиот културен центар во Куманово | ВИДЕО
-

Поскапува парното во Скопје, новите цени важат од 1 август
-

Ќерката на Гоце Тодоровски: Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, сега барем знам дека сте заедно
-

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули
-

МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите – резултат за 10 минути
-

Осум дена притвор за Словенец кој ја нападнал 21-годишната девојка во Охрид
-

Тешко повреден 21-годишник откако паднал од прозорец на автомобил во движење
