УХМР со детали за вчерашното неврeме во Скопје

Најмногу дожд во изминатите 24 часа имало во Скопје каде се измерени 93 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи за мерењата на наврнат воден талог до 8 часот утрово.
Во Маврово наврнале 39, во Пожаране 28, Крушево 20, Охрид 18. Во Ѓуриште за изминатото деноноќие се измерени 11 литри на метар квадратен, 10 во Лазарополе, 5 во Скопје - Петровец, два литра во Тополчани и Берово и еден литар на метар квадратен во Куманово, Штип и Претор.
УХМР соопшти дека и денес подрачјето на Македонија ќе остане под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, која попладне и во вечерите часови повторно ќе предизвика променливо и нестабилно време со врнежи од дожд кој локален ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
Најпрво ќе бидат зафатени западните делови а потоа кон крајот на денот и во вечерните часови ќе се прошират и во централните и североисточните делови. Процесите се очекува да бидат локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, особено во западните делови. Ќе дува повремено и умерен до засилен ветер. Повремени врнежи ќе продолжат и преку ноќта. Дневната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена.
Во Скопската котлина времето ќе биде променливо а попладне нестабилно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и со грмежи. Врнежите се очекува да бидат поинтензивни кон крајот на денот и во вечерните часови. Дневната температура ќе достигне до 29 степени. хс/ 09:52
Ново на Сител
-

МЗ: Две лица добија органи од донор, 52-годишник ново срце, 23-годишник бубрег
-

Скопје ќе биде престолнина на европскиот кикбокс – Македонија домаќин на Европското кикбокс првенство 2026
-

МЗ: Две лица добија органи од донор, 52-годишник ново срце, 23-годишник бубрег
-

Се бара притвор за Стефан Богоев, примил мито од 111.600 денари и наместил тендер за чистење гранични премини
-

КБК „Шампион“ со 12 медали на Балканското првенство во Нови Сад
-

ФФМ ја суспендираше Шкендија од Купот за 2026/27 по одбивање на медалите на финалето против Силекс
-

Сали: Дигиталната трансформација клучна за европската интеграција, радиодифузијата столб на безбедно и отпорно општество
-

Презентирани инспекциските извештаи на судењето за „Пулс“, одбраната бара ограничување на доказите
