УХМР најавува дожд и снег
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Претпладне врнежите ќе бидат позастапени на исток, а кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјава каде на планините и на некои повисоки места се очекува да има врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен в долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 12 до 19 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди преку денот, меѓутоа ќе има услови и за врнежи од дожд.
Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 16 степени.
Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен в долж Повардарието. Поради разведрувањето за време на викендот и во почетокот на наредната недела утринските температури на места ќе се спуштат под нулата. Од сабота дневните температури ќе бидат во пораст.
Ново на Сител
-
Таравари е против нови избори во Гостивар
-
Владејачките партии се соочуваат со изборниот пораз
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
М-ТЕЛ стана партнер на Д-фестивал
-
КРКА ја презентираше мобилната апликација ФЛЕБИ
-
Вреди убедува 4 пратеници од фронтот на Ахмети за промена на страната
-
Во јавен сектор најмногу се вработувало една година по промена на власта
-
ВО ЖИВО: 4 неуспешни обиди за гласање за нов претседател на Уставниот суд