УХМР: Можно излевање на реките

Опасноста од локални излевања на Треска, Црна Река и Вардар и нивните притоки и натаму останува во горните текови, како и на Пчиња, Сатеска, Голема Река и други реки главно во западниот дел од државата. Потврдени излевања има во горниот тек на Црна Река во атарот на селата Граиште, Единаковци, Света и Бучи, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Поради појавата на високи водостои и излевања од УХМР предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолиците, особено во делови од Западна Македонија.
- Поради заситената почва со влага има појави на заезерувања. Одмрзнувањата на теренот и неговата заситеност со влага може да предизвика појави на одрони и свлечишта, велат од УХМР и додаваат дека нивните висински метеоролошки станици укажуваат на понатамошно намалување на снежната покривка во Маврово, Крушево, Лазарополе, Пожаране и Ѓуриште.
Топењето на снегот, заедно со врнежите од дожд во изминатотот деноноќие, потенцираат, условува постојан дотек на вода во суводолиците и реките.
Водостојот на Треска кај Македонски Брод во 11 часот изнесува 219 сантиметри, на Црна Река кај Новаци 250, Боротинско Блато кај Боротино 280, Вардар кај Јегуновце и Радуша по 196, Пчиња кај Катлановска Бања 184, Голема Река кај Ресен 153, Сатеска кај Ботун 124 и на Радика на мернотоместо кај Бошков Мост 132 сантиметри.
Ново на Сител
-

Рубио најави средба со папата Лав XIV, во фокус верската слобода
-

Утринските температури над нула, најтопло во Виница и Крушево
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со изведување материјални докази од Обвинителството
-

Конференција „30 години на европскиот пат: Односите Македонија-ЕУ и патот напред“
-

СЗО: Можно е пренесување на хантавирусот од човек на човек на крузерот
-

Денеска е Св. великомаченик Георгиј (Ѓурѓовден) - празник на обновување на природата и животот
-

Трамп најави пауза на „Проектот Слобода“, Рубио изјави дека операцијата „Епски бес“ е завршена
-

Осомничениот за терористички напад на плажата Бонди ќе се соочи со 19 дополнителни обвиненија
