УХМР: Мај постуден од вообичаено и нормално врнежлив со исклучок на Охрид
Месец мај годинава беше постуден од вообичаено и нормално врнежлив со исклучок на Охрид, каде беа измерени поголеми количества врнежи во споредба со многугодишните просечни вредности (1991/20), покажуваат мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија.
-Средномесечната температура на воздухот се движеше од 9,9°С во Маврово до 18,4°С во Гевгелија. Споредено со просечните мајски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната беше подпросечна за 1,4оС, на ниво на држава, соопшти денеска Управата за ходрометеоролошки работи.
Највисоката максимална температура беше измерена на 4 мај во Гевгелија и изнесуваше 29,9 степени Целзиусови. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Берово, на 15 мај и изнесуваше 0 степени Целзиусови.
-Во месец мај 2025 година месечната сума на врнежи во државата варираше од 45мм во Скопје - Зајчев рид до 88мм во Охрид. Максимално дневно количество на врнежи од дожд, од 24мм, беше регистрирано во Охрид на 17-ти во месецот, велат од УХМР.
Споредено со мајската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше просечна, поточно беше околу 65мм на ниво на држава.
Ново на Сител
-
Без струја дел од корисниците во Бутел, Аеродром и Чучер Сандево, без вода во Кисела Вода и Центар
-
Голем пожар на Тасос, туристите се евакуираат
-
ДЗР: Државниот буџет бил доминантен извор за финансирање на изборните кампањи за Парламентарните избори 2024 година
-
Едно лица смртно настрада во сообраќајка во близина на Охрид
-
Тим од четата за атомско биолошка и хемиска одбрана на Армијата собира податоци за воздухот во Визбегово
-
Објавен повик за бројот 116 000 за повикувачки центар за исчезнати деца
-
ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири
-
Нормализиран сообраќајот кон ГП Блаце, од клучките Орман до Мирковци и на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка