УХМР: До вторник облачно време со дожд, потоа стабилно и суво

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека до вторник претпладне ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
Во понеделник наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 литри на метар квадратен за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво, најавува УХМР.
Најавените поројни и пообилни врнежи за денеска ќе бидат проследени со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен југоисточен ветер.
Температурата ќе изнесува 15 степени.
Ново на Сител
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
