Угостителите побарале пролонгирање на Законот против пушењето, идната недела средба со Дурмиши и Алиу

Прво кампања па примена на Законот против пушењето, побарале угостителите на средбата со државниот секретар во Министерството за економија и труд.
Како што информира денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, идната недела најверојатно ќе се одржи уште еден состанок на кој ќе бидат присутни и тој и министерот за здравство, а ќе се разгледаат сите можности.
Дурмиши не кажа дали е можно да се пролонгира имплементацијата на Законот која треба да почне од 1 март, но напомена дека целта е грижа за јавното здравје.

На претстојниот состанок, потенцира, ќе се донесе одлука што ќе биде прифатена од сите засегнати страни, вклучувајќи ги и угостителите.
- Ги слушнавме забелешките на угостителите кои побарале одреден временски период до стапување во сила на Законот, односно да одиме прво со кампања па потоа со информација додека почне примената, за да бидат на некој начин подготвени. Ние ќе им повториме која е целта и на крај ќе донесеме одлука што ќе биде прифатена од сите засегнати страни, вклучувајќи ги и угостителите, изјави Дурмиши, одговорајќи на новинарски прашања по настанот во Владата на кој беше презентиран Законот за работно ангажирање лица.
МИА
Ново на Сител
-

Македонските фудбалери убедливо поразени од Турција, 360 минути без постигнат гол
-

Втор ден од Регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан - МЕФ 2026
-

Николоски: Со нови пет авиолинии, единствена држава сме што отвора нови летови во најголемата авиокриза
-

Николоски: Автопатот Требениште - Струга - Ќафасан ќе се гради, ќе утврдиме во соработка со УНЕСКО по која траса
-

Антонио Кошта денеска во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски
-

Во првиот квартал најбарани работници во услужните дејности и продажбата
-

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словачка, средби со највисокото државно раководство
-

Без струја дел од Бутел и Ѓорче Петров
