-->
-->
Угандијка на 37-годишна возраст има 38 деца
-->
Жена од Уганда на возраст од 37 години има 38 деца, меѓу кои четири тројки, три четворки и близнаци, наведуваат локални политичари.
Мариам Набатанзи од селото Кабимбири, кое се наоѓа на 50 км северозападно од Кампала, ги добила сите деца со еден сопруг кој е полигамист.
- Децата се на возраст меѓу четири месеци и 23 години, изјави локалниот советник Самари Мусенро за ДПА. Десет деца се женски, а другите се машки.
Локалните политичари побарале помош од Владата за жената која се омажила кога имала 12 години и првпат родила на 14-годишна возраст, и тоа близнаци. Нејзиниот татко има 45 деца со неколку жени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o