Удрил во куче, изгубил контрола па се судрил со возило во спротивна лента, загина 25 годишник од Крива Паланка

Вчера околу 19:05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, во општина Старо Нагоричане, се случила тешка сообраќајна несреќа со фатален исход.
Според пријавата, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.Т. (25) од селото Нерав, удрило во куче скитник, по што возилото преминало во спротивната сообраќајна лента и се судрило директно со патничко возило „бмв“, управувано од Ф.Ј. (27) од селото Длабочица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и сопатничките од возилото „бмв“, А.С. (20) и С.Ј. (53), сите од Крива Паланка. Повредените биле пренесени во Општата болница Куманово, каде што возачот на „голфот“, С.Т., им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Ново на Сител
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
-

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да ги прифатиме барањата на опозицијата
-

Касами: Можни се вонредни избори во Тетово
