-->
-->
Училиштата во Гостивар бараат општината да обезбеди пари за превоз на учениците
-->
- На една недела пред почетокот на новата учебна година во општина Гостивар, раководствата на училиштата се пожалија на односот на локалната самоуправа околу превозот на ученици и нови вработувања.
Директорите на средното техничко училиште и основното „Единство“ посочуваат дека се одолговлекува процедурата за ангажирање нов наставнички кадар и дека општината не им излегува во пресрет за обезбедување пари за превоз на учениците.
- За вработувања не можеме да добиеме согласност од општината, па принудени сме да одиме преку Министерството, поради што процедурата се одолговлекува. Чекавме три месеци, и тоа само за едно вработување. Добивме известување од општината дека нема да ги подмири трошоците за транспортот на учениците, а претходно нé информираа дека можеме сами да отвориме тендер за превозот и ние тоа го направивме. Сега велат дека нема да обезбедат средства за тоа, а се работи за голема сума од шест милиони денари, која училиштето не може да ги покрие, рече директорот на ОСТУ Гостивар, Ибраим Асани.
Директорот на ОУ „Единство“, Мерсел Садику нагласи дека соработката е неопходна заради доброто на учениците, има недостиг од наставен кадар со што ќе се отежне наставниот процес.
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари истакна дека локалната власт ги извршила сите обврски кон школите.
- Имам две обврски кон училиштата: назначување на директори и влијание врз план-програмите за настава. Другите ингеренции не се мои. Ако очекуваат директорите јас да им однесам гориво и да има ја организирам работата, тогаш грешат. Тие се поставени од министерот за образование и треба таму да се обратат, рече Таравари.
Тој на прес-конференција појасни дека обврските околу блок-дотациите се извршуваат редовно. Во меѓувреме уплатени се и 20 илјади евра за долгови за поторошена струја.
Во врска со превозот, Таравари појасни дека некои од училиштата на своја рака објавиле тендери за превоз, а нагласи дека тое е обврска на општината која пак целосно ја завршила таа процедура. Според него, транспортот на учениците од првиот училишен ден ќе се одвива без пречки.
Средби со новинарите најавија и други училишни управи на кои сакаат да информираат за состојбите пред почетокот на новата учебна година. Поради несогласувања и нарушени процедури, на почетокот од оваа година, централната власт ги одзеде ингеренциите на општина Гостивар врз училиштата, по што беа назначени нови раководни структури
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози