Учебникот по Социологија за втора година е во планот за ревизија на Педагошката служба
Во планот на Педагошката служба за ревизија на учебниците е и „Социологијата“ за втора година средно образование и до почетокот на учебната 2020/2021 неговата содржина ќе биде соодветно измената и по повторното печатење учебникот ќе биде дистрибуиран до училиштата, соопшти Министерството за образование и наука (МОН) по реакциите за текст во овој учебник.
– Забелешки за овој учебник неодамна беа доставени од Бирото за развој на образованието, по барање на МОН за проверка на содржината на учебниците со цел осовременување на истата, особено на оние кои се користат во гимназиското образование (бидејќи се одобрени во периодот од 2001 до 2006 година). За учебниците за кои добивме забелешки беше спроведен процес на корекција и повторно печатење во 2018 година, но меѓу нив не беше и учебникот кој денес е предмет на повеќе медиумски текстови, односно за истиот не беа доставени забелешки, наведува Министерството.
МОН додава дека имало и ќе има потреба од поддршка и помош во процесот на унапредување на содржината на учебниците и тоа најмногу од оние кои секојдневно ги применуваат – наставниците и самите ученици, и дека во таа насока во 2017 година Педагошката служба спровела анкета помеѓу наставниците во основните и средните училишта со цел да достават сугестии, да укажат на забелешки од сите можни аспекти во врска со содржината на учебниците кои се одобрени и се применуваат во наставата, заради пристапување кон нивна корекција и ажурирање.
Во спорниот дел од учебникот кој беше пренесен во медиумите, меѓу другото, се наведува дека жената што е затворена дома нема јавни улоги и нема можност да прави кривични дела.
Ново на Сител
-
Приведен 32-годишен скопјанец, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода
-
Приведен 23-годишник од Велес кој нападнал девојче и полициски службеници, предложен притвор
-
Божиновска на МЕФ 2025: Современ и иновативен енергетски модел е визијата на Македонија
-
Се работи првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид да бидат пуштени до 10 јули, вели Мицкоски
-
Мицкоски: Тоа што го зборува Софија има можност да го докаже со повлекување на амандманите во ЕП
-
Мицкоски очекува годинава да почне изградбата на брзата пруга која е дел од Коридорот 10
-
Мицкоски најавува многу скоро решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи
-
Средба Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста