По вчерашната серија, ноќеска регистриран уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион
Уште еден земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 степени е регистриран ноќеска по полноќ во 00 часот и 48 минути во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 102 километри југозападно од Скопје.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Серија земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, беа регистрирани и вчера изутрина во Охридскиот регион. Најсилниот беше почувствуван во 4 часот и 34 минути во Охрид и блиската околина со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.
Освен вознемиреност кај граѓаните, материјални штети не се пријавени.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ќе се бориме да донесеме правда и да го урнеме системот на „бандитизам“ создаден од политички и бизнис структури
-
Бела куќа: Администрацијата на Трамп очекуваше иранска одмазда
-
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто по нападот на Иран врз американската воена база
-
ИДФ го заврши својот досега најобемен бран напади врз Техеран
-
Нема жртви во иранскиот напад врз воената база во Катар
-
Во американската воздухопловна база Аин ал-Асад во Ирак активиран системот за воздушна одбрана
-
Иранците потврдија за напади врз американските бази во Катар и во Ирак
-
Иран кон двата најголеми градови во Катар испука 6 балистички ракети | ВИДЕО