Убиениот брат на Ким Џонг-ун работел за ЦИА

Убиениот полубрат на лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун, Ким Џонг-нам, бил доушник на американската централна известувачка агенција (ЦИА), пишува „Волстрит журнал“, повикувајќи се на добро известувачки извори.
„Неколку поранешни американски официјални лица велат дека полубратот на Ким, кој со години живеел надвор од Северна Кореја и немал никаква врска со Пјонгјанг, не можел да има увид во тајните активности на Северна Кореја“, пренесува „Ројтерс“.
Неименувани поранешни официјални лица велат дека Ким Џонг-нам речиси со сигурност бил во контакт со безбедносните служби на други земји, особено на Кина. Улогата на полубратот како доушник на ЦИА се споменува и во книгата на новинарката на „Вашингтон пост“, Ане Фајфилд, „Големиот наследник“.
Авторката која се повикува на известувачки извори, тврди дека Ким Џонг-нам најчесто се состанувал со тајни агенти во Сингапур и Малезија. Фајфилд смета дека полубратот на Ким бил снимен од безбедносни камери во Малезија, заедно со уште еден маж за кого се смета дека е американски известувач.
Во ранецот на Ким Џонг-нам биле најдени 120.000 долари.
„Тие пари Ким веројатно ги добил како комензација за својата известувачка работа, а можно е да потекнуваат и од казината“, наведува Фајфилд.
Ким Џонг-нам е убиен во Малезија во февруари во 2017 година. За неговото убиство се обвинети две жени, кои наводно го испрскале по лицето со отровен агенс VX на меѓународниот аеродром во Куала Лумпур.
Како што наведува „Волстрит журнал“, Ким тогаш бил во Малезија со цел да се состане со својот контакт од ЦИА, но тоа можеби не била единствената цел на неговиот пат.
Ново на Сител
-

Мерц најави крај на рецесијата: Германската економија влегува во фаза на засилен раст
-

Двајца од осомничените за планираното палење фабрика за дронови во Словачка се Летонци, а третиот е Украинец
-

„Денови на Света Мајка Тереза“ по повод 10 години од нејзината канонизација
-

Во село Гари отворена спомен соба на копаничарот Петре Филиповски - Гарка | ФОТО
-

Не мислам дека врховниот лидер на Иран е мртов, туку дека е тешко ранет, вели Трамп
-

Над 90 илјади невработени, повеќе од 100 илјади работат на црно - Нoви податоци на ДЗC
-

Над 20 пожари на отворено, Китка сè уште гори – Ангелов оптимист за ставање под контрола
-

Прв случај на западнонилска треска оваа година е регистриран во Бугарија
